7 декември – Тој седи над земскиот круг

„Тој престолува над земниот круг, жителите се како скакулците пред Него. Како завеса ги простре небесата, ги оптегна како шатор за живеење.“ (Исаија 40,22)

Оној што владее на небесата е единствен што го гледа крајот уште од почеток – единствен на кого еднакво му се познати тајните на минатото и на иднината, и единствен кој, од онаа страна на болката, на темнината и пропаста предизвикани со гревот, го гледа остварувањето на своите намери на љубовта и благословите. Иако „околу него се облаци и темнина, основа на престолот му се судот и правдата“. И тоа жителите на вселената и верните и неверните еден ден ќе го сфатат. „Тој е карпа, делото му е совршено, зашто сите негови патишта се вистинити. Тој е Бог верен и без злоба, праведен и вистинит”. (Патријарси и пророци, стр. 43. оригинал

Бог е наш Татко, кој нё љуби и за нас се грижи како за свои деца; Тој е големиот Цар на вселената. Интересите на неговото царство се и наши интереси, и затоа сме должни да работиме на изградбата на неговото царство. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 107. оригинал)

Да се свети Господовото име значи зборовите кои се однесуваат на Севишниот треба да се изговараат со страво­ почит „Свето е и страшно името Негово“ (Псалм 111,9). Никогаш и на никаков начин не смееме лекомислено да ги изговараме белезите и името на Бога. Кога се молиме ние стапуваме во приемната сала на Највозвишениот и пред него мораме да излегуваме со света стравопочит. Анге­ лите ги засолнуваат своите лица во Негова присутност. Херувимите и блескавите и свети серафими пристапуваат пред неговиот престол со длабока стравопочит. Тогаш, со колкава стравопочит ние, смртни и грешни суштества, треба да излегуваме пред Господа, Создателот на сё што постои. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 106. оригинал)

21 јуни - Враќање на заблудените
20 јуни - Христијанското заедништво се огледа во работата за заблудените
19 јуни - Христијанското заедништво се огледа во љубезните зборови
18 јуни - Радости и таги
17 јуни - Христијанското заедништво се огледа во самопожртвуваноста да им бидеме на благослов на другите
16 јуни - Христијанско заедништво е кога се радуваме на туѓата среќа
15 јуни - Заедничка радост
14 јуни - Несебичната љубов на Јонатан како пример
13 јуни - Христијанското заедништво се огледа во заедничката работа за Бога
12 јуни - Христијанско заедништво е кога другите ги крепиме преку Христа

Pin It on Pinterest