2 јуни – Христијанското заедништво се огледа во живеење во хармонија со браќата

„Исполнете ја мојата радост, и мислете исто имајќи ја истата љубов, еднодушни со мисли насочени кон едно.“ (Филипјаните 2,2)

Божја намера е Неговиот народ да биде единствен; да гледаат со исти очи, да бидат со ист ум и со исто мислење. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 361. оригинал)

Христовата вера не бара од нас да се откажеме од својата личност и карактер, туку само до извесна мерка да се прилагодиме кон чувствата и сфаќањата на другите. Многу луѓе чии мислења, навики и вкусови во земните работи се разликуваат, можат да бидат единствени во верата. Ако во нивното срце гори Христовата љубов, ако на истото небо очекуваат своја вечна татковина, тие сосем разбирливо можат да се обединат во најслатко и најпрекрасно заедништво. (Сведоштва за црквата, вол. 4. стр. 65. оригинал)

Да бидеме одлучни да го негуваме единството со своите браќа. Таа должност ни е дадена од Бога. Прифаќајќи го нивниот совет, ќе им причиниме радост, а ние ќе бидеме зајакнати од неговото влијание. (Testimonies to Ministers, p. 500)

„И така, со целиот поттик од Христа, со секој поттик на љубовта, со сето ваше заедништво во Духот, со сета ваша срдечна нежност, ве молам да ми ја приредите целосната радост со тоа што ќе знам дека живеете во хармонија.“ (Филипјаните 2,1.2; според Мофат)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest