2 август – Кога безбожникот ќе се одврати од своите патишта

„Зашто зар ми е Мене до тоа да умре безбожникот – говори Господ Бог – а не да се одврати од сите свои лоши патишта и да живее?“ (Езекиел 18,23)

Сатаната ќе го прикажува патот на светоста како тежок и напорен, додека патиштата на световните задоволства ќе бидат послани со цвеќиња. Искушувачот ќе го обои светот и неговите задоволства со лажни и примамливи бои пред вас. (Сведоштва за црквата, вол. 1. стр. 502.503. оригинал)

Сепак, од сево ова не смееме да заклучиме дека патеката што води горе е мачна, а онаа што води долу е лесна. Долж целиот пат кој води во смртта има болки, маки и страдања, таги и разочарувања, стојат предупредувања човек да не оди понатаму. Бог во својата љубов им отежнува на непослушните и тврдоглавите да се уништат самите себе. Вистина е дека сѐ се прави за патот на сатаната да се прикаже привлечен, но сето тоа е само измама; на патот на злото има само горчливо каење и грижа која нагризува. Ние можеме да си замислуваме дека е пријатно да ѝ се удоволи на гордоста и световните амбиции, но крајот на тоа е болка и страдање. Себичните планови можат да нудат блескави ветувања и да одржуваат надеж за световни задоволства, но на крајот ќе сфатиме дека среќата ни е затруена а животот ни станал горчлив поради надежите кои биле насочени кон сопственото „јас“. Вратата на патот што води долу може да биде накитена со цвеќе, но патот е трнлив. Светлината на надежта што блеска на неговиот почеток, исчезнува во темнината на очајот, и душата која чекори по оваа патека запаѓа во сенката на бескрајната ноќ. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 139. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest