6 јануари – Оној што се бои од Бога

„Блажен е човек, кој секогаш се бои, зашто човек со тврдо срце запаѓа во несреќа.“ (Пословици 28,14)

Без Божји страв никој не може да биде вистински среќен. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 435. оригинал)

Оние кои ја разбираат големината, возвишеноста и величеството Божјо ќе го земаат Неговото име во својата уста со стравопочит. Тој живее во непристапна светлина; човек не може да Го види и да остане жив. (Рани списи, стр. 122. оригинал)

„Затоа… да бидеме благодарни со што Му служиме благоугодно на Бога, со страв и со почитување.“ (Евреите 12,28)

Вистинското почитување кон Бога е инспирирано од чувството за Неговата бесконечна големина и од свеста за Неговото присуство. Со вакво чувство за Невидливиот, треба да биде длабоко импресионирано секое срце… „Свето и достојно за почитување е Неговото име“, изјавува псалмистот. Ангелите, кога го изговараат тоа име, ги покриваат своите лица. Со какво почитување, тогаш, ние, кои сме паднати и грешни, треба да го изговараме на нашите усни! (Gospel Workers, p. 178)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest