21 јули – Тие ја имаат Божјата наклонетост

„Служете Му на Господа со страв, радувајте Му се со трепет.“ (Псалм 2,11)

Што и да ви се случи не смеете да станете малодушнии да дозволите вашата вера да стане само безживотна формалност. Милостивиот Исус е подготвен богато да ве благослови, но ние мораме да стекнеме искуства во верата, во сесрдната молитва и во радоста во Божјата љубов. Зар треба секој од нас да се најде лесен кога ќе биде мерен на мерилата? Ние мораме да бдееме над самите себеси и будно да внимаваме на секое несвето движење на нашата природа, за да не ги изневериме големите одговорности кои Бог ни ги дал како претставници меѓу луѓето. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 532. оригинал)

Откупителот на светот не одредил човечкиот род кој Тој го откупил како Свое наследство да живее и умира во грев. Зошто тогаш има толку малку од оние кои се допрени и кои се спасени? Затоа што многумина од оние кои тврдат за себе дека се христијани, работат на ист начин како и големиот отпадник. Илјадници од оние кои денес не знаат за Бога би можеле да се радуваат на Неговата љубов, кога оние кои тврдат дека Му служат на Христа, би работеле како што работел Тој. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 273. оригинал)

Секој жив христијанин треба да биде несебичен работник за Бога. Господ ни подари познание на Неговата волја, за да станеме канали на светлина за другите. Ако Христос е во нас не можеме да не работиме за Него. Неможно е да се задржи Божјата наклоност и да се ужива благослов од љубовта на Спасителот, а притоа да се биде рамнодушен кон опасностите на оние кои пропаѓаат во грев. „Со тоа ќе се прослави Мојот Татко: да носите многу плод“ (Јован 15,8). (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 238.239. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest