7 август – Да се биде вреден

„Нема друга среќа за човекот освен да јаде и да пие и да биде задоволен со својата работа. И тоа е, гледам, дар на Божјата рака.“ (Проповедник 2,24)

При создавањето, работата била одредена како благослов. Таа значела напредување, сила, среќа. Изменетата состојба на Земјата, поради проклетството на гревот, предизвикала и промена на работните услови. Но, иако е сега проследена со грижа, замор и мака, работата останала извор на среќа и напредок. Таа е, исто така и брана против искушенијата. Работната дисциплина го зауздува угодувањето на сопствените скпоности, а ги поттикнува трудољубивоста, непорочноста и цврстината.Така, работата станува дел од големиот Божји план за нашето закрепнување од паѓањето во гревот.…

Иако Бог создал сѐ и постојано надгледува сѐ, покажете дека сепак и нам ни дал моќ која не е сосем различна од Неговата. Нам ни е дадена извесна мерка на власт над природните сили. Како што Бог ја извел Земјата во нејзината убавина од хаос, така и ние можеме збрката да ја претвориме во ред и убавина. Иако сега сѐ е расипано од злото, сепак, по завршената работа и ние чувствуваме радост слична на Неговата кога, гледајќи ја прекрасната Земја, објавил дека сѐ е „многу добро“. (Воспитување, стр. 214.215. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest