16 август – Треба да се оддалечиме од нив

„Предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив!“ (2. Тимотеј 3,4.5)

Постои вид на побожност кој не е ништо повеќе од себичност. Таа наоѓа задоволство во световните уживања. Таа е задоволна само да размислува за Христовата вера, но не знае ништо за нејзината спасоносна сила. (Порака до младите, стр. 106. оригинал)

Еден од гревовите што претставува знак на последните денови е тоа што многумина кои се изјаснуваат како христијани повеќе ги сакаат уживањата отколку Бога. Бидете искрени кон својата душа. Испитајте се внимателно. Колку малку, по едно искрено самоиспитување, можат да погледнат кон небото и да кажат: „Јас не сум меѓу оние што се опишани овде. Јас не сум љубител на уживањата повеќе отколку љубител на Бога.“ (Порака до младите, стр. 84. оригинал)

Бог не го признава оној што бара задоволства како Свој следбеник. Само оние што се самоодрекуваат, кои живеат трезвен, понизен и свет живот, се вистински Христови следбеници. Таквите не можат да уживаат во лесни, празни разговори какви што ги водат љубителите на овој свет.

Вистинските Христови следбеници ги очекуваат жртви. Тие ќе ги избегнуваат местата на световните забави, затоа што таму не го наоѓаат Исуса – таму нема ништо што ќе ги насочи нивните мисли кон небото и ќе го поттикне нивниот раст во благодатта. Послушноста кон Божјата реч ќе ги наведе да излезат од сето тоа и да се одделат. (Порака до младите, стр. 376.377. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest