„Блазе им на твоите луѓе блазе им на оние твои слуги, кои се непрекинато пред тебе и ја слушаат твојата мудрост! Нека е благословен Господ, твојот Бог, кому толку му стана мил за да те постави на престолот на Израелците; затоа што Господ секогаш го љуби Израел, те постави за цар за да правиш право и правда.“ (1. Цареви 10, 8.9)
Савската царица дошла да го посети Соломона. Кога слушнала за неговата мудрост и величествениот храм кој го подигнал, таа одлучила да го „испита со тешки прашања“ и со свои очи да ја види прочуената градба. Во придружба на голем број слуги и „со камили кои носеа премногу мирис, злато и драгоцени камења“, поминала долг пат до Ерусалим. „Таа дојде кај Соломона и говореше со него за сѐ што ѝ беше на срцето.“ Разговарала со него за тајните на природата; и Соломон ја учел за Бога кој ја создал таа природа, за големиот Творец, кој престојува во највисоките небесни сфери и владее над сите. „Соломон ѝ ги објасни сите нејзини зборови, и немаше ништо непознато за царот, што не ѝ го објасни“ (1. Цареви 10,1-3; 2. Летописи 9,1.2).…
Соломон толку многу ја поучувал царицата за изворот на својата мудрост и напредок што таа при крајот на својата посета била поттикната да му оддаде слава на Бога, а не на човечко орудие, воскликнувајќи: „Благословен да е Господ, твојот Бог, кој благоволи да те постави на израелевиот престол! Господ, поради вечната мудрост своја кон Израел, те постави за цар, за да вршиш суд и правда“ (1. Цареви 10,9). (Пророци и цареви, стр. 66.67. оригинал)
