29 јули – Небесните војски и Божјите слуги и се радуваат на службата

„Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја!“ (Псалм 103,21)

Aнгeлитe нa слaвaтa, кoи нa нeбoтo пoстojaнo гo глeдaaт лицeтo нa Нeбeсниoт Taткo, рaдoснo им служaт и нa нajслaбитe пoмeѓу Нeгoвитe дeцa. Tиe сe сeкoгaш присутни oнaму, кaдe штo сe нajпoтрeбни, сo oниe, кoи вoдaт нajтeшкa бoрбa, бoрбaтa сo сaмитe сeбeси и кoи сe нaoѓaaт вo нajбeзизлeзнa пoлoжбa. Toкму слaбитe и рaстрeпeрeнитe души, кoи имaaт мнoгу нeдoстaтoци вo кaрaктeрoт, прeтстaвувaaт прeдмeт нa нивнaтa пoсeбнa грижa. Oнa штo сeбичнитe срцa гo смeтaaт зa пoнижувaчкa службa – дa им сe служи нa oниe, кoи сe бeдни и вo сeкoj пoглeд сo пoдрeдeн кaрaктeр тoкму тoa дeлo гo извршувaaт бeзгрeшнитe битиja oд Нeбeснитe двoрoви. (Здравје и среќа, стр. 105. оригинал)

Треба да станеме работници, заедно со небесните ангели да му го претставиме Исуса на светот. Со нестрплива желба ангелите очекуваат наша соработка, зашто човек мора да стане канал за врска со човекот. Кога со целосно посветување на срцето ќе му се предадеме себеси на Христа, ангелите се радуваат што можат преку нашите гласови да ја откријат Божјата љубов. (Копнежот на вековите, стр. 297. оригинал)

Зар во оваа мисла дека луѓето се видливо орудие кое го пренесува благословот на ангелските сили нема ништо што поттикнува и подига? На тој начин ние сме Божји соработници и делото носи божествен печат. Знаењето и дејноста на небесните работници, соединето со знаењето и силата кои се подарени на човечкото орудие, донесува утеха и олеснување на угнетуваните и на оние во неволја. Преку својата несебична помош ние учествуваме во успехот кој ќе произлезе од пружената помош. Со каква радост небото гледа на таа заедничка дејност! (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 457. оригинал)

3 август - Небото ја одобрува послушноста и службата
2 август - Кога безбожникот ќе се одврати од своите патишта
1 август - На Бога Му е угодно она што е право
31 јули - Ангелите го исполнуваат ветувањето за божествена грижа
30 јули - Ангелите служат на потребите на луѓето
29 јули - Небесните војски и Божјите слуги и се радуваат на службата
28 јули - Ангелите соработуваат со нас
27 јули - Ангелите се радуваат со луѓето во спасувањето на изгубените
26 јули - Ја имаат Христовата радост кога ги гледаат спасените грешници
25 јули - Тие ја шират Неговата радост спасувајќи ги изгубените

Pin It on Pinterest