12 јули – Да го возвишуваме Христа пред луѓето

„Но што тогаш? Само тоа: дека на секој начин, било дволично или искрено, Христос се проповеда. И му се радувам на тоа, а и ќе се радувам.“ (Филипјаните 1,18)

Должност и радост на секоe служeње е да Го возвишува Христа пред луѓето. Тоа е целта на секој вистински труд. Нека се гледа Христос, а нека сопственото „јас“ остане скриено зад Него. (Сведоштва за Црквата, вол 9, стр. 147. оригинал)

Срцето на вистинскиот христијанин е исполнето со искрена љубов и со длабока, горлива желба за спасение на душите. Тој не наоѓа мир сè додека не направи сè што е во негова моќ да го бара и да го спаси она што е изгубено. Тој не жали време, сила или труд. Не избегнува напорна работа. И другите мора да ја слушнат вистината што донела радост, мир и веселба во Светиот Дух на неговата сопствена душа.

Кога една вистински обратена душа ја искусува Божјата љубов, таа чувствува должност да се впрегне со Христос и да работи во целосна согласност со Него. Христовиот Дух почива врз таквиот човек. Тој ја открива љубовта, сожалувањето и сочувството на Спасителот, затоа што е едно со Христа. Тој копнее да ги доведе другите кај Исус. Неговото срце се исполнува со нежност кога ја гледа опасноста во која се наоѓаат оние што се без Христа. Тој бдее над душите како човек што знае дека еден ден ќе даде отчет за нив. Со повици, молби и охрабрувања, придружени со сигурноста на Божјите ветувања, тој настојува да ги придобие душите за Христа. Таквата служба се запишува во небесните книги. Тој е соработник со Бога. (Testimonies to Ministers, p. 122)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest