26 декември – Човекот ќе биде обновен

„А вам, кои се боите од Моето име, ќе ви изгрее сонцето на правдата со здравје во крилјата, и вие ќе излегувате потскокнувајќи како телиња на пасење.“ (Малахија 4,2)

Бидејќи ќе имаат пристап кон плодовите на дрвото на животот од долго загубениот Едем, откупените ќе растат до мерата на висината на човечкиот род во неговата првобитна слава. Ќе бидат отстранети последните преостанати траги на проклетството на гревот, а Христовите верни ќе се појават во слава на нашиот Господ Бог, одразувајќи го совршениот лик на својот Господ со умот, со душата и телото. О прекрасен откуп, за кој толку долго сме разговарале, сме се надевале, сме размислувале, и толку топло сме го очекувале, но кој никогаш не сме го сфатиле потполно!

Живите праведници „наеднаш, за миг“, се преобразени. Со Божјиот глас тие се прославени; сега стануваат бесмртни и со воскреснатите свети се земени во пресрет на Господа на небото. Ангелите ги собираат „своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото“. Малечките деца светите ангели ги носат во прегратките на нивните мајки. Пријателите, кои толку долго ги разделила смртта, пак се соединети за никогаш повеќе да не се разделат и со радосни песни се искачуваат заедно во Божјиот град…

Околу нивниот Цар, чијашто величествена става е многу повисока од ставата на светите и на ангелите, а лицето му зрачи неискажлива љубов, се поставени сјајни редови во вид на празен четириаголник… На главата на секој победник Исус со својата десница става славна круна што го носи Неговото лично „ново име“ и натпис: „Посветен на Господа!“ На секоја рака ѝ се дава победничка палма и блескотна харфа. А потоа, на знак на ангелот кој дава интонација, секоја рака вешто свири на жиците на харфата, измамувајќи од нив слатка музика, богати и мелодични акорди. (Големата борба, стр. 645.646. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest