30 септември – Љубезните зборови даваат помош и охрабрување

„Човекот се радува на одговорот на својата уста, и зборот во право време колку е добар!“ (Пословици 15,23)

Силата на говорот е од голема вредност, а гласот треба да се усовршува за благослов на оние со кои доаѓаме во допир. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 240)

„Мудриот човек се почитува поради својата пријатност; неговите пријателски зборови го зголемуваат неговото влијание.“ „Умесните одговори им се радост на луѓето; зборот кажан навреме – колку голема помош е тој!“ (Пословици 16,21; 15,23. Мофат)

Како Христови следбеници, ние мораме да постигнеме со нашите зборови да си укажуваме помош и да се храбриме едни co други во христијанскиот живот. Многу повеќе отколку што го правиме тоа, треба да зборуваме за драгоцените поглавја од нашето искуство. Треба да зборуваме за Божјата милост и добрина, за ненадминливите длабини на љубовта на Спасителот. Нашите зборови треба да носат порака на славење и благодарење. Ако умот и срцето се полни со Божја љубов, тоа ќе се покаже и во нашите разговори. (Христови параболи, стр. 338. оригинал)

Навистина драгоцен во овој свет на грев и незнаење е дарот на говорот, мелодијата на човечкиот глас, кога е посветен на пофалба на Оној Кој нè возљубил и се предал Себеси за нас. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 245)

Христовата љубов во душата е како „извор на вода што извира во вечен живот“… Оние што ја поседуваат оваа љубов ќе се радуваат да зборуваат за она што Бог го подготвил за оние што Го љубат. (Порака до младите, стр. 390. оргинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest