„„А кога се врати Исус, народот Го прими, зашто сите Го чекаа.“ (Лука 8,40)
Вистината што ја слушаме ќе нè спаси само ако доброволно ја прифатиме и ако во својот живот ги покажуваме резултатите од нејзиното дејствување, растејќи во благодатта и во познавањето на Бога. (Willing to Spend and Be Spent, Notebook Leaflets, vol. 1, no. 3)
Христос „дојде кај своите, но своите не го примија” (Јован 1,11). Божјата светлина засветила во темнината на овој свет, а „темнината не ја опфати“ (Јован 1,5). Но не сите други се рамнодушни кон овој небесен дар… Кај разни народи имало умни и искрени луѓе кои во литературата и науката, и во религиите на многубожечкиот свет, го барале она што би можеле да го прегрнат како богатство на својата душа. И меѓу Евреите имало такви кои го барале она што им недостигало. Незадоволни од празната религија, тие копнееле по она што е духовно и возвишено. Учениците што ги одбрал Христос припаѓале на оваа втора група, додека Корнелиј и Етиопјанецот и припаѓале на првата. Тие не само што копнееле по небесната светлина, туку и се молеле да ја добијат; и кога Христос им се открил, го примиле со радост. (Христови параболи, стр. 116. оригинал)
