4 Јули – Добар Христов војник

„Поднесувај ги со мене страдањата, како добар војник на Христа Исуса! Никој, кој е во воена служба, не се заплетува во работите на овој живот, за да му угоди на оној кој го повикал во војската.“ (2. Тимотеј 2,3.4)

Вистинскиот христијанин ќе работи само за да Му угоди на Бога, имајќи го погледот насочен единствено кон Неговата слава и радувајќи се на наградата што произлегува од исполнувањето на Неговата волја… Љубовта кон душите за кои Христос умрел ќе води кон самоодрекување и подготвеност да се направи секоја жртва за да бидеме соработници со Христа во делото на спасување на душите. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 549. оригинал)

Силата на една војска во голема мера се мери според способноста и подготвеноста на војниците во нејзините редови. Мудриот генерал ги поучува своите офицери да го обучат секој војник за активна служба. Тој настојува кај сите да развие највисоко ниво на способност и ефикасност… Тој смета на верна и неуморна служба од секој човек во својата војска…

Така е и во војската на Кнезот Емануел. Нашиот Генерал, Кој никогаш не изгубил битка, очекува доброволна и верна служба од секој што се запишал под Неговото знаме. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр.116. оригинал)

Ниеден човек не може да успее во службата на Бога ако целото негово срце не е во неа и ако не го смета овој свет за ништожество во споредба со преважното познавање на Христа. Ниеден човек што се притеснува не може да биде Христов ученик, а уште помалку негов соработник. Кога луѓето правилно ќе го сфатат големото спасение, самопожртвуваноста што се гледала во Христовиот живот, ќе се покаже и во нивниот. По кој било пат да ги поведе, ќе се радуваат да го следат. (Копнежот на вековите, стр. 273. оригинал)

12 јули - Да го возвишуваме Христа пред луѓето
11 јули - Потрага по изгубените
10 јули - Укажете им гостопримство на Христовите слуги
9 јули - Не служете како Израел кој паднал
8 јули - Пронаоѓање радост во секоја поднесена жртва за Него
7 јули - Подготвени да потрошат и да бидат потрошени
6 jули - Весело служете секој ден
5 јули - Бог ќе излее доцен дожд
4 Јули - Добар Христов војник
3 Јули - Добри вести за Христовото доаѓање

Pin It on Pinterest