„И тие излегоа веднаш од гробот, со страв и со голема радост, и отрчаа да им соопштат на Неговите ученици.“ (Матеј 28,8)
Жените што стоеле крај Христовиот крст будно бдееле и чекале да помине саботата. Првиот ден во седмицата, мошне рано, се упатиле кон гробот, носејќи драгоцени мириси за да извршат помазание на телото на Спасителот…
Сите жени не дошле од ист правец на гробот. Марија Магдалена прва стигнала на местото; гледајќи дека каменот е отстранет, побрзала да им каже на учениците. Во меѓувреме пристигнале и другите жени. Околу гробот светела светлина, но во него го немало Христовото тело. Додека жените се задржувале тука, одненадеж забележале дека не се сами. Младич, облечен во сјајна облека, седел крај гробот. Тоа бил ангелот што го отстранил каменот… „Не плашете се, зашто знам дека го барате Исуса распнатиот. Не е тука, зашто воскресна, како што кажа. Дојдете и видете го местото каде што лежеше, и отидете бргу и кажете им на неговите ученици дека воскресна од мртвите“…
Тој станал! Тој станал! Жените постојано ги повторувале овие зборови. Мирисите за помазание не биле веќе потребни. Спасителот е жив, не мртов! Сега се сетиле дека, зборувајќи за својата смрт, рекол оти повторно ќе стане. Колку красен бил овој ден за светот! Жените бргу се оддалечиле од гробницата и „со страв и со голема радост отрчаа да им соопштат на неговите ученици“. (Копнежот на вековите, стр. 788.789. оригинал)
