15 октомври – Евреите се радувале на избавувањето од смртта

„Тоа беше за Евреите ден на светлина, на веселба, на воскликнувања и на прослава. Во секоја покраина, во секој град и место, до каде допре царевиот указ и закон, меѓу Евреите завладеја веселба, радост, гозба и празник и мнозина од народите на земјата станаа Евреи, зашто ги опфати страв од Евреите.“ (Естира 8,16.17)

Дариј Хистап, под чие владеење Евреите уживале посебна милост, го наследил Ксеркс Велики. За време на неговото владеење Евреите се нашле во страшна криза затоа што не ја послушале опомената да бегаат. Бидејќи одбиле да го искористат патот за бегство што им го отворил Бог, сега морале да се соочат лице в лице со смртта…

Богобојазната Естира, Еврејка, по Божјо провидение станала царица во Медо-Персија. Мардохеј бил нејзин близок роднина. Кога се нашле во неволја, тие одлучиле да му се обратат на Ксеркс во име на својот народ…

Настаните брзо се одвивале. Излегувањето на Естира пред царот, благонаклоноста што тој ѝ ја укажал, банкетот на кој присуствувале царот, царицата и Аман како единствен гостин, немирниот сон на царот, јавната почест укажана на Мардохеја, понижувањето и падот на Аман по откривањето на неговиот лукав заговор – сето тоа спаѓа во рамките на една позната историја. Бог чудесно работел за својот народ кој се покајал. Новата заповед на царот, која им дозволувала на Евреите да се борат за својот живот, гласници на коњи брзо ја разнеле по сите краишта на царството, кои „отидоа брзо и итно според царевата заповед“. „Во секоја земја и во секој град, каде и да дојдеше заповедта на царот и неговата наредба, имаше радост и веселби меѓу Јудејците, гозба и благословени денови, и мнозина од народот на земјата стануваа Јудејци, зашто ги опфати страв од Евреите“ (Естира 8,14.17). (Пророци и цареви, стр. 600-602. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest