11 мај – Побожноста е потребна

„Побожноста и е голема печалба кога е здружена со чувство на задоволство.“ (1. Тимотеј 6,6)

Верата во Божјата љубов и провидение што владее над сѐ што е создадено го олеснува товарот на грижите и патилата. Таа го исполнува срцето со радост и со задоволство како на човекот со највозвишена природа, така и на оној со најскромна. Верата непосредно влијае врз подобрувањето на здравјето и врз должината на животот и го зголемува нашето уживање во сите нејзини благослови. Таа на душата и отвора непресушен извор на среќа. О, кога сите оние што не го избрале Христа би сфатиле дека она што им го нуди Тој е далеку подобро од она за што копнеат! Најголема неправда и штета човекот и нанесува на својата душа ако во мислите и со делата му се противи на Бога. (Патријарси и пророци, стр. 600. оригинал)

За да бидеме среќни, мораме да копнееме да изградиме карактер сличен на Христовиот. Една од истакнатите Христови особености била Неговото постојано самооткажување и добродетелство. Тој дошол на овој свет не за да си угодува на Себеси. Одел правејќи добри дела и тоа било Неговото јадење и пиење. Угледувајќи се на Неговиот пример, и ние можеме да бидеме во света заедница со Него и трудејќи се секојдневно да го имитираме Неговиот карактер и да Го следиме, ќе станеме благослов за светот и ќе си осигуриме себеси задоволство овде и неминлива награда во вечноста. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 227. оригинал)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest