4 октомври – Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел

„Тогаш Мојсеј му раскажа на својот дедо за сè што Господ му стори на фараонот и на Египетците заради Израелците; за сите незгоди што ги снајдоа патем, ама Господ ги избави од нив. Јотор се радуваше за сето добро што Господ им го направи на Израелците и дека ги ослободи од египетските раце.“ (Излез 18,8.9)

Недалеку од местото каде што се улогориле Израелците, било родното место на Јотора дедото на Мојсеја. Дознавајќи за ослободувањето на Евреите, Јотор тргнал да ги посети и да му ги одведе на Мојсеја жена му и неговите два сина. Големиот водач преку весник веќе бил известен за нивното доаѓање и со радост им излегол во пресрет. По првите поздрави, ги одвел во својот шатор. Кога на патот за Египет се соочил со опасности врзани за ослободувањето на Израел од ропството, тој своето семејство морал да го врати назад, но сега повторно можел со радост да ужива во нивно друштво. Му ги раскажал на Јотора сите чудеса што ги направил Бог за својот народ, а патријархот се радувал и го славел Господа. Потоа, заедно со Мојсеја и со Израеловите старешини, принесувал жртви и празнувал празник посветен на Божјото милосрдие. (Патријарси и пророци, стр. 300. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest