21 март – Пронајдете ја радоста во жетвата

„Ти го умножи народот, ја зголеми веселбата, и тие се радуваат пред Тебе, како што луѓето и се радуваат на жетвата, како што викаат кога се дели пленот.“ (Исаија 9,3)

„Наутро сеј го твоето семе, и навечер твојата рака нека не почива“ (Проповедник 11,6). Божјиот голем завет објавува дека „Сѐ додека постои Земјата, никогаш нема да прекратат сеењето и жетвата“ (Битие 8,22). Надевајќи се на ова ветување, земјоделецот ора и сее. Ништо помала доверба не смееме да имаме ни во духовното сеење кога работиме надевајќи се на Неговото ветување: „Така словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакам и ќе го изврши она заради кое го испратив.“ (Исаија 55,11)…

Пченицата развива „стебло, после клас – потоа клас полн со зрна“ (Марко 4,28). Земјоделецот сее семе и го негува растението со намера да произведе зрно – леб за гладните и семе за идните жетви. Така и божествениот Земјоделец очекува жетва. Тој се стреми да биде роден во срцето и во животот на своите следбеници за да може преку нив да се роди и во други срца и животи. (Воспитување, стр. 105.106. оригинал)

Жетвата на животот е карактерот, а тој ја одредува судбината и за овој и за животот што ќе дојде… Љубовта, сочувството и љубезноста вродуваат со благослов, даваат непропадлива жетва. (Воспитување, стр. 109. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest