„И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: ‘Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!’“ (Римјаните 10,15)
Со ракополагањето на дванаесеттемина ученици направен е првиот чекор во организирањето на црквата која, по Христовото заминување, ќе го продолжи неговото дело на земјата… Да ја набљудуваме таа трогателна сцена. Да го гледаме Оној кој го претставувал небесното Величество, опкружен со дванаесеттемина што сам ги одбрал. Тој заправо имал намера да ги именува за нивното дело. Преку тие нејаки претставници, со својата реч и со својот Дух, Тој имал намера спасението да го направи достапно за сите.
Бог и ангелите ја набљудувале оваа сцена со задоволство и со радост. Отецот знаел дека преку тие луѓе ќе блескоти небесната светлина, дека зборовите што ќе ги изговараат тие, сведочејќи за неговиот Син, ќе се одгласуваат од поколение до поколение сѐ до крајот на светот. (Делата на апостолите, стр. 18.19. оригинал)
Дeнeс Спaситeлoт нѐ пoвикувa нaс, кaкo штo ги пoвикaл Maтej, Joвaн и Пeтaр вo службa зa Нeгo. Aкo нaшитe срцa сe трoгнaти oд Нeгoвaтa љубoв… Ниe ќe сe рaдувaмe штo смe Христoви сoрaбoтници… Aкo Бoг бидe нaшaтa силa, ниe ќe имaмe пojaснa прeтстaвa зa нaшитe дoлжнoсти и нeсeбични стрeмeжи; нaшиoт живoт ќe сe рaкoвoди oд блaгoрoдни цeли. (Здравје и среќа, стр. 480. оригинал)
Сите оние кои одржуваат постојана заедница со Бога во работата за Него ќе најдат многу задачи кои треба да се извршат. Тие што заминуваат во Духот на Учителот за да ги запознаат душите со вистината, ќе се уверат дека придобивањето на души за Христа не е ниту малку досадна, незанимлива тешка работа. Тие примиле на себе обврска да работат како Божји пристави и колку поусрдно ќе се посветуваат на Божјата служба, ќе стануваат сè поподготвени. Радосна е службата при која се отвора Светото Писмо пред другите. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 118. оригинал)
