26 aприл – Бог само дозволува страдање

„Господовиот благослов збогатува и не придодава никаква мака.“ (Пословици 10,22)

„Господ осиромашува и збогатува, го оборува човекот и го возвишува.“ (1. Самуилова 10,22)

Опасноста посебно демне кога човек напредува. Во сите векови богатството и славата секогаш претставувале опасност за понизноста и духовноста. Не е тешко да се носи празна чаша, но чашата полна до врвот мораме внимателно да ја носиме. Страдањата и неволјите можат да бидат мачни, меѓутоа, токму благосостојбата претставува најголема опасност за духовниот живот. Ако човечките суштества не живеат во постојана покорност на Божјата волја, ако не бидат посветени со вистината, благосостојбата сигурно ќе ја разбуди природната склоност кон вообразеност…

Животот секогаш се изопачува кога со човекот владеат горделивост и славољубие затоа што горделивиот човек, не чувствувајќи потреба, го затвора срцето за бескрајните благослови од небото. Човекот кој сака да се прослави себеси, ќе сфати дека се лишува од Божјата благодат која единствено дава вистинско богатство и најдлабока радост. Но човекот кој дава и прави сѐ за Христа, ќе доживее исполнување на ветувањето: „Благословот Господов – збогатува, и не донесува со себеси тага“ (Пословици 10,22). Со нежниот допир на милоста Спасителот ги отстранува немирот и несветите стремежи од душата, претворајќи го непријателството во љубов, а неверувањето во доверба. Кога Тој ѝ проговара на душата и ѝ вели: „Следи ме“, се кршат оковите на световната замаеност. На звукот на Неговиот глас од срцето исчезнува духот на алчност и несвети стремежи, и човекот се чувствува слободен да го следи Бога. (Пророци и цареви, стр. 59.60. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest