24 јули – Тие ја откриваат Господовата радост во своите животи

„И Неемија уште им рече: ‘Отидете и јадете мрсни јадења, и пијте благо, и испратете им дел на оние, кои немаат ништо подготвено, зашто ова е ден посветен на нашиот Господ. Не нажалувајте се: Господовата радост е ваша сила.’“ (Неемија 8,10)

Во Своето провидение, Бог одредил дека никој не може да биде навистина среќен ако живее само за себе. Радоста на нашиот Спасител на овој свет се состоела во постојани напори и страдање за другиот, во настојување да ги усреќи другите. И ние можеме да бидеме среќни само ако, следејќи го Неговиот пример, живееме на благослов на своите ближни.

Нашиот Господ нè повикува да го земеме Неговиот јарем и да го носиме Неговото бреме. Само така можеме да бидеме вистински среќни. Под товарот на јаремот и грижите кои сами себе си ги наметнуваме, никогаш нема да најдеме спокојство и одмор; бидејќи спокојство и мир на душата се наоѓаат само во прифаќањето на јаремот кој Христос ни го нуди. Оние кои сакаат да направат нешто големо за Учителот, прилика за тоа можат да најдат токму тука каде што се наоѓаат. Тука можат, во потполн заборав на себе и во самопожртвувано залагање за другите, да прават само добро, ширејќи блескави зраци на светлина насекаде околу себе. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 224. оригинал)

Цело небо чека живи канали преку кои светото масло ќе носи радост и благослов во човечкото срце.

Христос сторил сѐ што стоело до Него Неговата црква во целост да се преобрази, да заблескоти со сјајот на Светлината на светот, да се исполни со славата на Емануел. Негова намера е секој христијанин да го опкружи со духовна атмосфера на светлина и мир. Тој копнее ние во нашиот живот да ја откриваме Неговата радост. (Христови параболи, стр. 419. оригинал)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest