9 декември – Тој во почеток ја основал Земјата

„И: Ти, Господи во почеток ја основа земјата, и небесата се дело на Твоите раце.“ (Евреите 1,10)

Големиот Јехова ги поставил темелите на земјата; цел свет го облекол во убавина и го наполнил со сѐ што е полезно за човекот; Тој ги создал сите чуда на копното и морето. Големото дело на создавање е завршено за шест дена. „И ги заврши Бог до седмиот ден своите дела што ги создаде, и си почина во седмиот ден од сите свои дела што ги создаде. И го благослови Бог седмиот ден и го освети, зашто во тој ден си почина од сите свои дела што ги создаде“ (Битие 2,2.3). Бог со задоволство го посматрал делото на своите раце. Сѐ било совршено достојно за својот божествен Творец; и Тој се одморал, не затоа што бил уморен, туку затоа што наоѓал задоволство во плодовите на својата мудрост и добрина и во покажувањето на својата слава…

Едем како дом на нашите прародители требало да биде мостра за сите други домови на нивните потомци кога ќе се рашират населувајќи ја земјата. Тој дом, украсен со раката на Творецот, не бил некоја раскошна палата. Луѓето во својата гордост уживаат во величествени и скапоцени градби и се восхитуваат со делата на своите раце. Меѓутоа, првиот човек Бог го настанил во градина. Тоа бил негов дом, негов стан. Синото небо му било покрив во вид на купола, а земјата, прекриена со нежно цвеќе и со наметка од живо зеленило, претставувала под; заштита над главата сочинувале лисните гранки на прекрасните дрвја, а ѕидовите на неговото живеалиште биле прекриени со највеличествен украс со делата на рацете на големиот Уметник. Сѐ што ја опкружувало светата брачна двојка претставувало наука за сите времиња дека вистинската среќа не лежи во задоволувањето на гордоста, во изобилството и раскошот, туку во одржувањето на заедница со Бога преку неговите совршено создадени дела. (Патријарси и пророци, стр. 47-49. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest