28 јули – Ангелите соработуваат со нас

„Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово!“ (Псалм 103,20)

Тие стојат во присуство на Царот над царевите – „со сила моќни, кои ги извршувате неговите наредби и го слушате гласот не неговите зборови“ (Псалм 103,19-21; Откровение 5,11). Десет илјади по десет илјади и илјада илјади имало небесни весници што ги видел пророк Даниел. Апостол Павле вели дека има „многу илјади ангели“ (Евреите 12,22). Како Божји весници тие летаат „како молњи“, толку сјајни во својата слава и брзи во својот лет (Езекиел 1,14)…

Бог на своите деца им праќа ангели со порака на милост. На Аврама со ветени благослови; пред вратата на Содом да го спасат праведниот Лот од уништувањето со оган; на Илија во пустината кога изнемоштил од умор и глад; на Елисеј со огнени коли во малечкиот град што го опколиле неговите непријатели; на Даниел кога на дворот на многобожечкиот цар молел за божествена мудрост пред да биде предаден како плен на лавови; на Петар кога Ирод го осудил на смрт; на затворените во Филипа; на Павле и на неговите придружници во бурната ноќ на морето; на Корнелиј за да го оспособат да го прими евангелието; на Петар за да го пратат кај незнабожецот со вест на спасение… На тој начин светите ангели му служеле на Божјиот народ во сите времиња. (Големата борба. стр. 511.512. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest