25 септември – Затрубете во труба во храмот Господов

„И додека свиреа и пееја сложно како еден и едногласно Го фалеа и Го славеа Господа, подигајќи го гласот покрај трубите, кимвалите и покрај другите свирки, фалејќи Го Господа ‘зашто е благ и зашто е вечна Неговата љубов’, облак го исполни Господовиот Дом.“ (2. Летописи 5,13)

Најпосле храмот што го замислил цар Давид а го градел неговиот син Соломон, бил завршен. „И сѐ што беше наумил Соломон во срцето свое да го изврши во Господовиот дом“, тој го „заврши успешно“ (2. Летописи 7,11). А потоа, за градбата која го красела врвот на гората Морија навистина да стане таква каква што Давид толку многу посакувал да биде, не наменета за престој на човек, туку „за Господ Бог“ (1. Летописи 29,1), останало уште да се изврши свечена церемонија за официјално посветување на Господа и Неговата служба…

Во определеното време Израелците и богато облечените претставници од многу земји се собрале во предворјето на храмот. Глетката била навистина несекојдневна и величествена. Соломон, израелските старешини и највлијателните претставници од народот дошле од другиот крај на градот, од каде што го донеле ковчегот на заветот… Со песни, музика и свечени обреди „го внесоа свештениците ковчегот на заветот Господов на местото негово, во внатрешниот дом, во Светињата над Светињите“ (2. Летописи 5,7). Кога влегле во светињата, ги зазеле своите места. Пејачите – Левитите облечени во бело платно, со кимвали, псалтири и харфи – стоеле источно од олтарот, а со нив сто и дваесет свештеници кои трубеле со труби (види: 12 стих).

„И додека трубеа и пееја како еден, испуштајќи еден глас за фалба и славословие на Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите го фалеа Господа дека е добар, дека милоста Негова е вечна,- тогаш домот Господов се исполни со облак, и поради облакот свештениците не можеа да стојат при служба, зашто славата Господова го исполни Божјиот дом“ (Летописи 5,13.14). (Пророци и цареви, стр. 37-39. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest