7 ноември – Мир и радост во Духот

„Зашто Божјото Царство не се состои во јадење и пиење, туку во правда, и мир и радост во Светиот Дух.“ (Римјаните 14,17)

Видов дека секој христијанин има предност да биде длабоко трогнат со делувањето на Светиот Дух. Тогаш сладок небесен мир ги обзема мислите и вие со љубов размислувате за Бога и за небото. Насладувајте се со величествените ветувања на Неговото Слово. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 159. оригинал)

Кога Божјиот Дух ќе владее со разумот и со срцето, тогаш обратената душа своите доживувања ги преточува во нова песна, зашто сфаќа дека во нејзиното животно искуство се исполнило Божјето ветување, дека престапите ѝ се простени и гревот покриен. Таа душа пред Бога искрено се кае за престапот на Божјиот закон и со вера го прифаќа Христа кој умрел за да го оправда човекот. „Така, бидејќи сме оправдани преку вера, имаме мир со Бога преку нашиот Господ Исус Христос“ (Римјаните 5,1). (Делата на апостолите, стр. 476. оригинал)

Со верата стекнуваме мир, а довербата во Бога носи радост. Верувај, верувај! Мојата душа вели, верувај. Почивај во Бога. Тој е во состојба да го сочува она што ти си Му го доверила. Тој ќе те направи повеќе од победник преку Оној Кој те возљуби. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 319.320. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest