18 јули – Да придонесеме за среќата на другите

„И вашата пофалба во Христа Исуса да биде уште поизобилна во мене, заради моето повторно доаѓање меѓу вас.“ (Филипјаните 1,26)

Духот на несебична работа за ближните му дава длабина, стабилност и Христова убавина на карактерот, а на оној што го има му донесува мир и среќа. Стремежите стануваат повозвишени. Нема повеќе место за тромост или себичност. Оние што на ваков начин ги развиваат христијанските квалитети, ќе растат и ќе се засилуваат во работата за Бога. Ќе бидат способни за јасно духовно забележување, ќе имаат постојана и сѐ поголема вера, ќе бидат сѐ посилни во молитвата. Божјиот Дух, дејствувајќи врз нивниот дух, предизвикува во душата света хармонија како одговор на божествениот допир. Оние кои со несебичен напор ќе се посветат за добро на другите, своето сопствено спасение го градат на најсигурен начин. (Патот кон Христа, стр. 80. оригинал)

Искористете ја секоја можност да придонесете за среќата на оние кои се околу вас, подарувајќи им ја својата љубов. Љубезните зборови, погледот полн со љубов, изразите на уважување ќе им бидат на многу осамени суштества како студена вода на жедна душа. Еден бодар збор, едно љубезно дело можат да го олеснат бремето кое ги притиска уморните раменици. Вистинската среќа се наоѓа во несебичното залагање за другите. (Сведоштва за црквата, вол. 7. стр. 50. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest