6 ноември – Радост поради купување на богатството

„И пак, царството небесно е слично на благо сокриено во нивата, кое човекот го нашол и го скрил, па во својата радост оди и продава сè што има, и ја купува таа нива.“ (Матеј 13,44)

Во овој пример нивата што содржи богатство е Светото писмо. Евангелието е ризница на богатството. Земјата не е толку испреплетена со златни жили ниту толку полна со драгоцености како што е Божјата реч. (Христови параболи, стр. 104. оригинал)

Кога Христос бил на земјата, дошол во контакт со некои луѓе чијашто фантазија била опфатена од трескавична надеж за земна добивка. Тие луѓе никогаш немале мир, туку постојано се обидувале со нешто ново и нивните претерани надежи се разбудувале само за после нив да дојде разочарување. Исус ги знаел потребите на човечките срца кои остануваат исти во сите векови и Тој им го свртел вниманието на едно непоминливо богатство. Тој рекол: „Царството небесно прилега уште и на богатство сокриено во нива, кое го нашол човек и прикрил, па, од радост за него, отишол и продал сѐ што имал, и ја купил таа нива“ (Матеј 13,44). Тој им зборувал за непроценливото богатство кое сепак сите можат да го стекнат. Тој дошол на земјата да го насочува нивниот ум во потрага за тоа богатство. Патот е обележан; најсиромашниот човек кој оди потој пат ќе стане побогат од најбогатиот човек на земјата кој не го познава Исуса, и ќе стане уште побогат, ако својата среќа ја подели со другите. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 261.262. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest