24 септември – Радувајте се во Господовата сила

„Потоа сите Јудејци и Ерусалимци, со Јосафата на чело, се свртија за да се вратат во Ерусалим со веселба, зашто Господ ги развесели над нивните непријатели. Дојдоа во Ерусалим со псалтири, со гуслиња и со труби во Господовиот Дом.“ (2. Летописи 20,27.28)

Пред крајот на Јосафатовото владеење Јудиното царство го нападнало војска од која жителите стравувале со причина. „Синовите Моавови и синовите Амонови, а со нив и некои кои живеат крај земјата Моавска, појдоа во војна против Јосафата.“ (Пророци и цареви, стр. 198. оригинал)

Утредента станаа рано и тргнаа кон Текојската пустина, и кога тргнаа кон битката, застана Јосафат и рече: „Чујте ме Јудејци и жители ерусалимски! Верувајте Му на Господа, нашиот Бог, и ќе бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови, и ќе имате успех.“ „Потоа се посоветува со народот и постави пејачи пред Господа, одејќи пред војската, да ја слават убавината на светоста“ (2. Летописи 20,14-21). Овие пејачи одеа пред војската, подигнувајќи ги своите гласови во знак на благодарност кон Бога за ветената победа.“… Бог бил Јудината сила во оваа криза, а Тој и денес е сила на својот народ…

Натоварена со плен јудејската војска се вратила „со веселба, зашто Господ ги возрадува над непријателите нивни. И дојдоа во Ерусалим со псалтири и гусли и труби во Господовиот дом“ (2. Летописи 20,27.28). Навистина имале причина да се радуваат. Слушајќи ја заповедта: „Застанете, стојте и гледајте го спасението од Господа, што ви се испраќа… не плашете се и не стравувајте“, тие целосно се потпреле на Бога и Тој станал нивна тврдина и Ослободител (2. Летописи 20,17). (Пророци и цареви, стр. 201-203. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest