2 Јули – Тој го излева Својот Дух на слугата

„Еве Го Мојот Слуга Кого Го поткрепувам, Мојот Избраник, мил на Мојата душа. Го излеав Својот Дух на Него, за да им донесува право на народите.“ (Исаија 42,1)

Кога се одрекол од себеси за да го спаси изгубеното човештво, на Исуса му бил даден Светиот Дух во полна мера. Така ќе му биде даруван и на секој Христов следбеник кога потполно ќе му го предаде своето срце да биде Негово живеалиште. Лично Господ ни заповеда: „Но исполнете се со Дух“ (Ефесјаните 5,18), а таа заповед едновремено претставува и ветување дека ќе биде исполнета. Бидејќи Таткото благоволи во Христа „да се всели сета полнота“ и „да бидете исполнети во Него“ (Колосјаните 1,19; 2,10). (Мисли од гората на блаженствата, стр. 20. оригинал)

Бог од вас бара да работите, и тоа не со самопотценување и обесхрабрување, туку со силна вера и надеж, за да го застапуваме Христос ведро и радосно пред овој свет. Исусовата вера е радост, мир и среќа. Кога го проучуваме Светото Писмо, и ја согледуваме Божјата бескрајна благонаклонетост, Кој го дал Исус на светот за сите што веруваат во Него да имаат вечен живот, тогаш треба да ги активираме сите сили на нашето битие во оддавање слава, чест и благодарност на Оној што има таква неискажлива љубов кон човечките деца. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 579. оригинал)

Да работиме сега како што никогаш досега не сме работеле… Треба да ја искористиме секоја можност за да ги привлечеме душите кон Христа… Делото што Божјиот народ треба да го извршува е објавено во зборовите на вдахновението… „Еве Го Мојот Слуга, Кого Го поддржувам; Мојот Избран, во Кого ужива Мојата душа; Го ставив Својот Дух врз Него; Тој ќе им донесе правда на народите… Нема да ослабне ниту ќе се обесхрабри додека не воспостави правда на земјата; и островите ќе го очекуваат Неговиот закон.“ (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 62-64. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest