6 jули – Весело служете секој ден

„Служете Му на Господа со веселба! Дојдете пред Неговото лице со радосни извикувања!“ (Псалм 100,2)

Вo службaтa зa Христa имa утeхa и рaдoст. (Здравје и среќа, стр. 487. оригинал)

Тој сака да му служиме во нов живот, секој ден радувајќи се одново. (Христови параболи, стр. 299. оригинал)

Несфатливата награда на оној што прави добро, небесните радости, друштвото со ангелите, заедницата и љубовта на Бога и на неговиот Син, усовршувањето и развивањето на сите наши способности во текот на вечните времиња ­ зар тоа не се доволно силни поттици и охрабрувања да нѐ натераат нашите срца да ги ставиме во доброволна служба на нашиот Творец и Откупител? (Патот кон Христа, стр. 21. оригинал)

Сите различни способности на телото духот и душата што ги добил човекот од Бога, треба да се искористат на начин на кој ќе се постигне највисок степен на совршенство. Меѓутоа, себичното и еднострано образование не може да претставува совршенство; зашто Божјиот карактер, чијшто лик сакаме да усвоиме, е добрина и љубов. Секоја способност и секоја особина со која не надарил Творецот треба да се употребат за прославување на Бога и за издигнување на нашите ближни. А во таквата работа ќе најдеме најчиста и најблагородна радост и среќа. (Патријарси и пророци, стр. 595. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest