29 август – „Даровите“ на овој свет со тек на времето стануваат се полоши

„И спомнувај си за својот Создател во деновите на својата младост, пред да дојдат лоши денови и пред да пристигнат годините, кога ќе речеш: „Не ми се милеат.”“ (Проповедник 12,1)

Дали си се обидел да се насладуваш со плодовите на престапот, само за да утврдиш дека станале како пепел на твоите усни? А сега, кога исчезнало твоето богатство, кога се изјаловиле твоите животни планови, кога умреле твоите надежи, седиш ли сам и осамен? Сега гласот, кој долго му зборувал на твоето срце и кој никогаш не си сакал да го слушаш, одекнува јасно и одредено: „Станете, одете! Ова не е одморалише! Зашто се онечистивте, тоа ќе ве уништи, да, потполно ќе ве уништи“ (Михеј 2,10). Вратете се во домот на својот Отец! Тој ве повикува, велејќи: „Обрати ми се мене, зашто јас те откупив!” (Исаија 44,22). (Христови параболи, стр. 205. оригинал)

Како луѓето прво што го изнесуваат најдоброто вино, а потоа послабо, така прави и светот со своите дарови. Она што го нуди тој може да го задоволи окото и да ги освои сетилата, но тоа нема да ги исполни човековите копнежи. Виното се претвора во горчина, веселбата во тага. Она што почнало со песна и веселба, завршува со умор и мачнина. Меѓутоа, Исусовите дарови секогаш се свежи и нови. Свеченоста што ја приготвува Тој за човекот секогаш дава задоволство и радост. Секој нов дар ја зголемува способноста на примачот да ги цени и да ги ужива Господовите благослови. Од него постојано се излева милост. Изворот на благословите нема да пресуши. Ако останете во него, фактот што денеска примате богат дар обезбедува примање на уште поголем дар утре. (Копнежот на вековите, стр. 148. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest