21 февруари – Се предавам на Неговата волја

„Зашто Бог е Оној, Кој дејствува во вас да сакате и да постапувате, според Неговата волја.“ (Филипјаните 2,13)

На тебе останува да ја потчиниш твојата волја на Христовата волја. Ако го направиш тоа, Бог непосредно ќе делува во тебе да го сакаш и да го правиш она што Му е угодно. Тогаш целата твоја природа ќе се потчини на Христовиот Дух, па дури и твоите мисли… Потребно е секој ден да пиеш од Изворот на вистината, за да ја запознаеш тајната на задоволството и радоста во Господа. Но мораш да имаш на ум дека твојата волја е извор на сите твои дела. Таа волја која сочинува важен дел од човечкиот карактер при падот на човекот била потчинета на власта на сатаната и тој од тогаш постојано ги наведува луѓето да сакаат и да бараат само задоволства за себе, што му донело крајна беда и пропаст. Но бескрајната жртва која Бог ја поднел предавајќи го Исуса, Својот сакан Син како жртва за гревовите, Му овозможила, без притоа да повреди некое начело на своето владеење, да каже: „Предај се на Мене, дај Ми ја својата волја, ослободи ја од власта на сатаната, и Јас ќе владеам со неа. Тогаш ќе направам да го сакаш и да го правиш она што ми е угодно.“ И кога тој ќе ти даде Христов Дух, твојата волја ќе стане како Неговата, твојот карактер ќе се промени и ќе стане сличен на Христовиот. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 514.515. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest