1 Јули – Радосна соработка со Бога

„Јас му велам на Кира: ‘Пастиру мој!’ И тој ќе ги исполни сите Мои желби, велејќи му на Ерусалим: ‘Изгради се!’ И на Храмот: ‘Положи си ги основите!’“ (Исаија 44,28)

Бог се служи со орудијата што самиот ги одбира. Понекогаш го користи најскромното орудие за да изврши најголема работа, зашто Неговата сила најдобро се открива во слабоста на човекот. Ние имаме свои мерила и според нив нешто прогласуваме за големо, а нешто за малечко; но Бог не се управува според нашите правила. Ние не смееме да замислуваме дека она што нам ни изгледа големо, едновремено е големо и за Бога; или дека она што ние сме го прогласиле за малечко, е малечко и за Него. Не ни е препуштено нам да ги оценуваме нашите таланти или да ја бираме својата работа. Ние треба да ги преземаме товарите што ни ги наменил Бог, да ги носиме заради Него, и секогаш Нему да му се обраќаме кога имаме потреба да здивнеме. Без оглед на видот на работата, Бога го славиме со радосната служба од цело срце. Нему му е мило кога нашите одговорности ги носиме со благодарност, радосни што сме се нашле достојни да бидеме Негови соработници. (Христови параболи, стр. 363. оригинал)

Христос со неискажана радост ја прима секоја душа која сака да му се предаде. Тој човечкото го соединува со божественото, за да може на светот да му ја објави тајната на Отелотворената љубов. Разговарајте за тоа, молете се за тоа, пејте за тоа; секаде објавувајте ја веста за Неговата слава и итајте кон небесниот дом. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 44. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest