26 октомври – Во Самарија владеела радост кога Филип проповедал за Христа

„Така, Филип дојде во главниот град на Самарија и им го проповедаше Христа… И стана голема радост во оној град. (Дела 8,5.8)

Меѓу оние на кои Спасителот им дал налог „Одете и научете ги сите народи“ (Матеј 28,19), мнозина биле со скромен животен позив – мажи и жени кои научиле да го љубат Господа и биле цврсто решени да го следат Неговиот пример на несебична служба. На тие скромни луѓе, како и на учениците кои биле со Спасителот за време на Неговата служба на земјата, им била доверена оваа драгоцена мисија. Нивна задача била да му ја однесат на светот радосната вест за спасението преку Христа.

Кога поради прогонствата морале да се разбегаат од Ерусалим, верниците, полни со мисионска ревност, продолжиле да проповедаат во други места… Господ работел преку нив. Секогаш кога оделе, кога ги лекувале болните, им го проповедале и евангелието на сиромасите.

Еден од седумтемина ѓакони, Филип, се наоѓал меѓу оние кои биле протерани од Ерусалим. „Така, Филип слезе во градот Самарија и го навестуваше Христа. А народот еднодушно внимаваше на Филиповите зборови, ги слушаше и ги гледаше чудотворните знаци што ги правеше, зашто нечисти духови излегуваа со голема викотница, а мнозина парализирани и сакати беа исцелени. И настана голема радост во тој град.“ (Делата на апостолите, стр. 105.106. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest