19 декември – Аврам го очекувал градот

„Зашто бараше град со основи, кому Бог му е Градител и Творец.“ (Евреите 11,10)

Аврам на овој свет немал земја „ниту една стапка“. Бил мошне богат со подвижно богатство што го употребувал да го слави Бога и да им помага на ближните, но овој свет не го сметал за свој роден крај. Господ го повикал да ги напушти своите идолопоклонички земјаци и за вечни времиња му ја ветил хананската земја; но сепак, неа не ја наследиле ниту тој, ниту неговиот син, ниту синовите на неговиот син.

Кога посакал да има посебно место да ги закопа своите мртви, и тоа морал да го купи од еден Хананец. Единствениот негов имот во ветената земја се состоел од една гробница изделкана во камен во пештерата Макпела.

Меѓутоа, Божјиот збор сепак не изневерил. Самото заземање на Ханан од страна на Евреите не значело негово целосно исполнување… Лично Аврам требало да учествува во благословите на ветеното наследство… Библијата јасно кажува дека ветувањата дадени на Аврама треба да се исполнат преку Христа… Бог на Аврама во визија му го покажал тоа бесмртно наследство што нема да овене, и со тоа неговата надеж била задоволена. „Со вера се пресели Аврам во ветената земја, како во туѓа, и се настани под шатори со Исака и Јакова, наследниците на тоа ветување; оти тој го очекуваше оној град што има основи и чиј градител и творец е Бог“.

За Аврамовите потомци стои напишано: „Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и се уверија, и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени.“ Овде на земјата мораме да живееме како гости и дојденци ако сакаме „подобро” наследство, „односно небесно“. (Патријарси и пророци, стр. 169.170. оригинал)

12 јули - Да го возвишуваме Христа пред луѓето
11 јули - Потрага по изгубените
10 јули - Укажете им гостопримство на Христовите слуги
9 јули - Не служете како Израел кој паднал
8 јули - Пронаоѓање радост во секоја поднесена жртва за Него
7 јули - Подготвени да потрошат и да бидат потрошени
6 jули - Весело служете секој ден
5 јули - Бог ќе излее доцен дожд
4 Јули - Добар Христов војник
3 Јули - Добри вести за Христовото доаѓање

Pin It on Pinterest