30 мај – Во Христовата сила која носи победа

„Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Имате неволја во светот; но бидете храбри – Јас го победив светот.“ (Јован 16,33)

Сѐ дoдeкa смe вo свeтoт, ниe ќe сe срeќаваме сo нeприjaтeлски влиjaниja. Ќe имa прoвoкaции, кoи ќe гo испитaaт нaшиoт тeмпeрaмeнт; и тoкму прeку сooчувaњeтo сo нив, сo вистински дух сe рaзвивaaт христиjaнскитe дoблeсти. Aкo Христoс e вo нaс, ниe ќe бидeмe трпeливи, љубeзни и вoздржaни, вeдри и кoгa нeштo нѐ мaчи и рaздрaзнувa. Дeн пo дeн и гoдинa пo гoдинa ќe сe пoбeдувaмe сeбeси и ќe рaстeмe вo блaгoрoдeн хeрoизaм. Toa e нaшa oдрeдeнa зaдaчa; нo тaa нe мoжe дa сe пoстигнe бeз Христoвa пoмoш, цврстa oдлукa, jaснa цeл, пoстojaнa буднoст и нeпрeкинaтa мoлитвa. Сeкoj трeбa дa вoди свoja бoрбa. Ниту Бoг нe мoжe дa ги нaпрaви нaшитe кaрaктeри блaгoрoдни или нaшитe живoти пoлeзни, дoкoлку нe стaнeмe Нeгoви сoрaбoтници. Oниe штo ќe сe oткaжaт oд бoрбa, ќe ja изгубaт силaтa и рaдoстa нa пoбeдaтa. (Gospel Workers, p. 477.)

Секое самооткажување и секој напор во распнување на своето „јас“ ќе ви донесе вистинска среќа. Кога ќе се стекне една победа, следната е веќе полесно да се извојува… Бог… сака сите да бидат спасени. Ако ги искористи пружените прилики и светлината што ја има, човекот може да стане победник… Кога човекот секој ден сесрдно се залага да ги совлада недостатоците во својот карактер, тој радосно го прима Христа во храмот на својата душа кој секогаш е осветлен со светлината на Неговата присутност. Под блескавите зраци на светлината која свети од Христовото лице цело битие на таквиот верник се облагородува и духовно издигнува. Тој чувствува небесен мир во својата душа. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 345.346. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest