18 aприл – Бог е мојата сила

„Имам голема доверба во вас, и многу се фалам со вас; исполнет сум со утеха; преизобилувам со радост, во сите наши неволји.“ (2. Коринтјаните 7,4)

Сите кои одлучно остануваат во првите редови на борбата, ќе бидат предмет на посебни сатански напади. Кога ќе ги почувствуваат тие напади, тие ќе побегнат кон Засолништето. Тие чувствуваат потреба Бог да им даде сила и да работат во Неговата сила. Според тоа, тие не се гордеат со победите кои ги извојувале, туку тие победи ги наведуваат со уште повеќе вера да се потпрат на Оној Кој е семоќен. Во нивното срце се буди длабока и сесрдна благодарност кон Бога и тие се радуваат дури и на страдањата кои им ги нанесува непријателот. Тие послушни слуги стекнуваат искуство и развиваат карактер кој му укажува чест на Божјото дело. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 510. оригинал)

„Преплавен сум со радост, и покрај сите неволји што морам да ги поднесам.“ (2. Коринтјаните 7,4; според преводот на Мофат)

Дај ми да знам дека Исус со наклоност гледа на мене; да знам дека Тој ги одобрува моите дела и мојот пат, и тогаш нека дојде што сака, па и неволјата да биде преголема, јас ќе бидам помирен со својот дел и ќе се радувам во Господа. („The Graces of the Spirit“, Review and Herald, 21. decembеr 1886)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest