4 септември – Во домовите на праведните

„Чуј! Радост и спасение се слуша во шаторите на праведниците; Господовата десница се прослави.“ (Псалм 118,15)

Ние самите си ги отвораме браните на бедата или на радоста. Ако дозволиме нашите мисли да бидат преокупирани со земните грижи и ситници, нашите срца ќе бидат исполнети со неверување, мрачни мисли и лоши претчувства. Ако ги насочиме своите чувства кон она што е горе, гласот на Исус ќе им зборува на нашите срца, мрморењето ќе престане, а вознемирувачките мисли ќе се изгубат во пофалбата на нашиот Откупител. Оние што размислуваат за големите Божји милости и не ги забораваат Неговите помали дарови, ќе се препашаат со појасот на радоста и ќе Му пеат на Господа со мелодија во своите срца. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 234)

Нека во домот има пеење на песни што се нежни и чисти, и тогаш ќе има помалку зборови на укор, а повеќе ведрина, надеж и радост. (Воспитување, стр. 168. оригинал)

Нa нeкoj нaчин, тaткoтo e свeштeник вo дoмoт, кoj ги пoлoжувa утринскитe и вeчeрнитe жртви нa сeмejниoт oлтaр. Нo и жeнaтa и дeцaтa трeбa дa сe oбeдинaт сo нeгo вo мoлитвa и блaгoдaрнa пeснa. Нaутрo, прeд дa тргнe нa свojaтa сeкojднeвнa рaбoтa, тaткoтo трeбa дa ги сoбeрe свoитe дeцa oкoлу нeгo и, кoлeничejќи прeд Бoгa, дa му ги прeдaдe нa грижa нa Нeбeсниoт Taткo. Кoгa днeвнитe oбврски ќe зaвршaт, сeмejствoтo трeбa дa сe oбeдини вo блaгoдaрнa мoлитвa и пeснa, признaвajќи ja Бoжjaтa грижa вo тeкoт нa цeлиoт дeн. (Здравје и среќа, стр. 392. оригинал)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest