13 aприл – Бог дозволува неволји

„Зарадувај нè за дните кога нè бичуваше, за годините кога страдавме многу!“ (Псалм 90,15)

Бидете сигурни дека мачните напори и судири кои мораме да ги издржиме во извршувањето на своите должности, самооткажувањето и жртвите кои мораме да ги поднесеме за верно да Му служиме на Христа, не ги создава Тој. Тоа не ни го наметнал со некоја самоволна или непотребна заповед, ниту е последица од престрогиот живот кој Тој бара да го водиме во Негова служба. Ако би ја одбиле послушноста кон Христа и би станале слуги и робови на гревот, би наишле на уште поголеми и побројни тешкотии и неволи.

Исус нè повикува кај Себе за да го симне тешкиот товар од нашите уморни рамена и во замена за тоа Тој ни го нуди својот јарем, кој е благ, и своето бреме, кое е навистина лесно. Патот на кој Тој нè повикува никогаш не би ни задавал болка кога не би застранувале од него. Патувањето станува мачно и трнливо дури кога ќе застраниме од патеката на должноста. Жртвите кои мораме да ги поднесуваме за да Го следиме Христа, претставуваат само чекор кој е неопходен за да се вратиме на патот на светлината, мирот и среќата. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 558. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest