7 aприл – Кога Неговиот Дух делува преку мене

„А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта.“ (Галатјаните 5,22.23)

„Љубовта долго трпи и е љубезна; љубовта не завидува“. Ако во срцето владее божествена љубов, во него повеќе не може да има гордост и себичност. „Љубовта не се превознесува, не е горделива“. Најчистата радост извира од најдлабокото понижување. Најсилниот и најблагородниот карактер се изградува на темелите на трпеливоста и љубовта, на целосното доверување и покорување на Божјата волја.

„Не е непристојна, на бара свое, не се срди, не памти зло“. Срцето во кое владее Божјата љубов нема да биде исполнето со страст и одмаздољубивост доколку му се нанесат навреди кои гордоста и самољубието би ги сметале како неподносливи. Љубовта не се сомнева. Таа секогаш на најдобар начин ги толкува побудите и постапките на другите…

Љубовта не само што ги проштева туѓите грешки туку се потчинува на сите маки и незгоди кои тоа проштевање ги повлекува со себе. Таа „љубов никогаш не престанува“. Таа никогаш не може да ја загуби својата вредност, бидејќи е дар од небото. Тие што ќе ја имаат како драгоцено богатство ќе ја внесат низ вратата на Божјиот град.

Родовите на Духот се љубов, радост и мир. Неслогата и раздорот се дело на сатаната и родови на гревот… Секој нека се запраша: Ја имам ли благодатта на љубовта? Дали научив да бидам трпелив и благ? (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 168.169. оригинал)

14 ноември - Обичните луѓе можат да ја разберат Твојата реч
13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните

Pin It on Pinterest