13 септември – Песните на пофалба можат да ги отстранат грижите

„Страда ли некој меѓу вас, нека се моли; весел ли е некој, нека Го фали Бога.“ (Јаков 5,13)

Луѓето примиле големи благослови како одговор на песните на благодарност… Колку пати зборовите на некоја света песна ги отпечатиле во душата изворите на покајанието и верата, надежта, љубовта и радоста! (Воспитување, стр. 162. оригинал)

Исус е наш пример. (Копнежот на вековите, стр. 74. оригинал)

Тој никогаш не бил толку окупиран со световна грижа за да нема време за небесните вредности или за размислување за нив. Радоста на своето срце често ја изразувал со пеење на псалми и небесни песни. Жителите на Назарет често го слушале Неговиот глас како му упатува на Бога похвала и благодарност. Тој со песна одржувал заедница со Небото, и кога Неговите другари би се жалеле на умор од работата, би биле израдувани со некоја пријатна мелодија од Неговите усни. Неговиот фалбоспев како да ги терал лошите ангели и како темјан го исполнувал просторот со мирис. Мислите на неговите слушатели се пренасочувале од местото на нивното земно изгнанство кон небесниот дом. (Копнежот на вековите, стр. 73. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest