15 мај – Ветување дадено на задоволните

„Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!”“ (Евреите 13,5)

Негувајте задоволен, ведар дух. (Сведоштва за црквата, вол.2, стр. 435. оригинал)

„Бидете задоволни со она што го имате.“ (Евреите 13,5; според Мофат)

Светот е полн со незадоволни духови, кои ги занемаруваат среќата и благословите што им се на дофат и постојано трагаат по среќа и задоволство што не можат да ги остварат. Тие постојано се стремат кон некое очекувано, далечно добро, поголемо од она што го поседуваат, и засекогаш се наоѓаат во состојба на разочарување. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 640. оригинал)

На таквите им недостасува доверба во Бог и христијанска надеж која допира зад завесата и претставува сигурно сидро за душата. Сите кои се потпираат на Христос со таква надеж, се чистат како што е и Тој чист. Во таквите нема немирни копнежи, нерасположение и незадоволство; тие не гледаат само зло околу себе и не се препуштаат на тешки мисли за некакви замислени неволји. Но, се чини дека мнозина однапред го доживуваат времето на неволји. Загриженост се гледа на секоја црта на нивното лице, тие никаде и во ништо не наоѓаат утеха, и постојано се плашат претчувствувајќи некое ужасно зло.

Ваквите го обесчестуваат Бога, и поради нив Христовата религија станува озлогласена. Тие немаат вистинска љубов ниту кон Бога… Нивните чувства се мрачни и болни. Суетната разонода не ќе може да го закрепне умот на таквите. За да можат повторно да бидат среќни, неопходно им е преобразувачкото влијание на Божјиот Дух. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 566. оригинал)

13 септември - Песните на пофалба можат да ги отстранат грижите
12 септември - И природата пее
11 септември - Песните носат радост и веселба
10 септември - Песната е дел од богослужението
9 септември - Веселата песна ги издигнува мислите
8 септември - Веселата песна е оружје против обесхрабрувањата
7 септември - Пејте радосно
6 септември - Пофалбата го зајакнува телото и душата
5 септември - Со радосен глас
4 септември - Во домовите на праведните

Pin It on Pinterest