19 октомври – Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син

„Но, ангелот му рече: ‘Не бој се, Захарија! зашто е услишана твојата молитва! Твојата жена Елисавета ќе роди син, кому треба да му го дадеш името Јован. Ќе се радуваш и ќе се веселиш, и мнозина ќе се зарадуваат на неговото раѓање.’“ (Лука 1,13.14)

Меѓу верните во Израел, кои долго го очекувале доаѓањето на Месија, се појавил Христов предвесник. Остарениот свештеник Захарија и неговата жена Елисавета „двајцата беа праведни пред Бога“, и во нивниот тих и свет живот светлината на верата засветила како ѕвезда во темнината на тие лоши денови. На оваа богоугодна брачна двојка ѝ е дадено ветување дека ќе добие син кој ќе оди пред лицето Господово и „ќе ги израмни неговите патеки“.

Захарија живеел во „Горна Јудеја“, но отишол во Ерусалим со задача да служи една седмица во храмот. Тоа била должност што се барала од сите свештеници двапати годишно… Тој стоел пред златниот олтар на свето место во Светилиштето. Пред Бога се издигнувал облак од темјан со молитвите на Израел. Одненадеж станал свесен за божествено присуство. „Од десната страна на кадилниот жртвеник стоеше“ Господен ангел. Положбата на ангелот означувала наклоност, но Захарија тоа не го забележал. Со години се молел за доаѓањето на Откупителот; сега Небото пратило свој весник со вест дека овие молитви наскоро ќе бидат примени; Божјата милост му се чинела преголема за да може да поверува. Бил исполнет со страв и со самоосуда.

Меѓутоа, бил поздравен со радосно уверување: „Не плаши се, Захарија! Молитвата ќе ти се исполни. Жена ти, Елисавета, ќе роди син, кому треба да му дадеш име Јован. ќе се радуваш и ќе се веселиш, и мнозина ќе се зарадуваат на неговото раѓање, зашто ќе биде голем пред Господа… ќе се наполни со Свети Дух.“ (Копнежот на вековите, стр. 97.98. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest