27 мај – Весело давање

„Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.“ (2. Коринтјаните 9,7)

Бог сака покажувањето на дарежливоста да биде целосно доброволно… „Бог го љуби оној кој доброволно дава.“ Нему не му е по волја Неговата ризница да се полни со принудно давање. Верните срца на Неговиот народ, радувајќи се на спасоносната вистина за ова време, секогаш од љубов и благодарност за таа драгоцена светлина, со свои средства ревно ќе придонесува таа вистина да допре и до другите. Својата љубов кон Откупителот ја изразуваме на најдобар начин кога со своите доброволни прилози го помагаме ширењето на вистината. Христовата откупителска улога во планот на спасението е потполно доброволна и Негова намера е и сите наши добродетелства да бидат потполно доброволни. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 413. оригинал)

Духовниот напредок тесно е поврзан со христијанската благородност и великодушност. Христовите следбеници треба да се радуваат што со својот живот можат да го откриваат доброчинството на својот Откупител. Ако му даваат на Господа, тие можат да бидат сигурни дека нивното богатство оди пред нив во небесните дворови. Сакаат ли луѓето својот имот да го осигурат? – Тогаш нека го доверат во рацете што носат знаци на распетие. Ако сакаат да уживаат во она што го сметаат свое – тогаш тоа нека го употребуваат така за да биде на благослов на сиромасите и на оние што се во неволја. А ако сакаат својот имот да го зголемат – тогаш нека ја послушаат божествената заповед: „Почести го Господа со своите приходи, посвети му ги првините од своите плодови – па ќе ти бидат полни амбарите, и со ново вино ќе ти се прелеваат каците“ (Пословици 3,9.10). Ако пак сакаат својот имот да го сочуваат за себични цели, тоа ќе им донесе вечна загуба. Но ако своето богатство му го доверат на Бога, од тој миг тоа ќе носи Негов натпис и истото е запечатено со Божјата непроменливост. (Делата на апостолите, стр. 344. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest