20 мај – Христијанската доблест

Затоа ја славам веселбата, зашто нема среќа за човекот под сонцето, туку во јадењето, во пиењето и во насладувањата. И тоа нека го придружува во неговиот труд за време на животот што Бог му го даде под сонцето. (Проповедник 8,15)

Многумина се држат до некоја студена резервираност и некое круто достоинство кое ги одбива сите оние кои ќе дојдат во допир со нив. Таквиот дух како некоја зараза создава околу себе атмосфера која делува многу погубно на секоја добра замисла и одлука и го гуши природниот тек на човечкото сочувство, љубов и срдечност; под такво влијание луѓето стануваат ограничени, додека нивните друштвени особини и благородност – поради трајната пасивност – потполно исчезнуваат. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 64. оригинал)

Имате должност што треба да ја исполните, а тоа е да бидете ведри и да негувате несебичност во вашите чувства, сè додека не ви стане најголемо задоволство да ги правите среќни сите околу вас… Треба да ги омекнете вашите срца и да бидете исполнети со Христовиот Дух, за да можете, живеејќи во атмосфера на ведрина и добродушност, да им помогнете и на оние околу вас да бидат здрави и среќни. Сте си вообразиле дека ведрината не е во согласност со Христовата религија. Тоа е заблуда. Ведрото расположение и пријатното однесување ни малку не го намалуваат вистинското христијанско достоинство. Ведрото расположение без примеси на лесноумност е едно од христијанските доблести. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 62. оригинал)

4 октомври - Мојсеј и Јотор се радуваат затоа што Бог го избавил Израел
3 октомври - Ана се израдувала затоа што Бог ја услишил нејзината молитва
2 октомври - Сара се израдувала затоа што добила син
1 октомври - Аврам се израдувал бидејќи го видел Христа
30 септември - Љубезните зборови даваат помош и охрабрување
29 септември - Љубезните зборови се сладост за душата и здравје за телото
28 септември - Љубезните зборови им припаѓаат на оние со чисти срца
27 септември - Победниците ќе имаат Божји харфи
26 септември - Свирете победоносни песни
25 септември - Затрубете во труба во храмот Господов

Pin It on Pinterest