25 мај – Ведрината се изразува на лицето

„Веселото срце го разведрува лицето, а болката во срцето тешкотија е за духот.“ (Пословици 15,13)

Сите можат да имаат радосно лице, љубезен глас, пристојно однесување, а сето тоа се елементи со влијание. (Воспитување, стр. 240. оригинал)

Човечкиот лик е огледало на душата, кој другите го читаат и кој има силно влијание врз нив, било за добро или за зло. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 523. оригинал)

Лицата на оние кои се добронамерни и сочувствителни ќе сјаат со сјајот на вистинската побожност, додека на лицата на оние кои не негуваат љубезни мисли и несебични мотиви, се изразуваат чувствата кои владеат со нивните срца. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 64. оригинал)

Христос, кој живее во срцето, помага да болскоти лицето на оние што го љубат и ги држат Неговите заповеди. Вистината им се чита на лицето кое открива сладок небесен мир. Не знаејќи, тие покажуваат благородност повозвишена од секоја човечка љубов. (Христови параболи, стр. 102. оригинал)

Љубовта на оној кој ја поседува му дава благодат, пристојност и убавина во однесувањето. Таа го осветлува ликот и го смирува гласот; го облагородува и го издигнува целиот човек. Таа го доведува во хармонија со Бога; зашто љубовта е небесна доблест. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 559. оригинал)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest