8 ноември – Потполна среќа

„Ние ви го пишуваме ова, за да биде вашата радост полна.“ (1. Јованово 1,4)

Со проучување на Светите Списи стекнуваме вистинско знаење за тоа како треба да се живее за да се чувствуваме навистина среќни. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 374. оригинал)

Учењето на Библијата има животворно влијание врз човековата среќа во сите животни околности. Тоа ги открива начелата што се темелен камен на народната благосостојба начелата што се поврзани со успешното напредување на општеството, што се заштита на секое семејство начела без кои ниту еден човек не може да си обезбеди себеси во овој живот среќа, чест и полезност, ниту може да се надева на идниот вечен живот. Нема положба во животот, нема таква фаза во човечкото искуство за која библиското учење не би било најсуштествена подготовка. Кога Божјата реч би се проучувала и би се слушала, тогаш во светот би имало повеќе луѓе со силен ум отколку што би се постигнало тоа со најтемелно проучување на човечката филозофија. (Патријарси и пророци, стр. 599. оригинал)

„Твоите зборови го восхитија и го зарадуваа моето срце. Зашто се викав со Твоето Име, о Господи, Боже над Воинствата.“ (Еремија 15,16)

13 ноември - Крштевањето
12 ноември - Бидете утврдени да ги издржите неволјите и искушенијата
11 ноември - Зашто дава мудрост и разбирање
10 ноември - Божјата порака упатена до мене
9 ноември - Примање на Речта со радост и веселба
8 ноември - Потполна среќа
7 ноември - Мир и радост во Духот
6 ноември - Радост поради купување на богатството
5 ноември - Објавување на Радосната вест на ближните
4 ноември - Павле и Варнава ја носат Радосната вест во Антиохија

Pin It on Pinterest