29 aприл – Спасение

„Кои Божјата сила ве чува, преку верата, за спасение, подготвено да се открие во последното време. Во ова радувајте се, макар да сте сега за малку наскрбени, ако е потребно во разни искушенија.“ (1. Петрово 1,5.6)

Во овој живот мораме да наидуваме на жестоки искушенија и да поднесуваме скапи жртви, но наградата за тоа е Христовиот мир. Имаше толку малку самоодрекувања, толку малку страдања заради Христа, што крстот речиси целосно е заборавен. Ние мораме со Христа да бидеме учесници во Неговото страдање ако сакаме со Него да седиме на престолот на славата. Сѐ додека се одлучуваме за полесната патека за да си угодиме себеси, сѐ додека се плашиме од самоодрекување, нашата вера нема да станува поцврста, нема да го познаваме Исусовиот мир ниту радоста која произлегува од свест за победата. Највозвишените од откупената војска која облечена во бело, ќе стои пред престолот на Бога и на Јагнето, знае за борбата на совладувањето, бидејќи поминала низ големи неволји. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 215. оригинал)

„Тогаш ќе се радувате, иако за миг можеби ќе треба да страдате низ разни искушенија; тоа е само за да се докаже дека вашата вера е вистинска… и тоа придонесува за ваша пофалба, слава и чест при откривањето на Исус Христос. Вие никогаш не Го запознавте, но Го љубите; за момент не Го гледате, но верувате во Него и ќе треперите од неискажлива и славна радост, примајќи го исходот на вашата вера – спасението на вашите души.“ (1. Петрово 1,6-9; според преводот на Мофат)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest