12 август – Фалење

„Вие сега се фалите во својата надуеност. Секоја таква фалба е зла.“ (Јаков 4,16)

Кога луѓето би можеле само за миг да погледнат подалеку од границите на својот ограничен видик, кога би можеле да фрлат само еден поглед кон Вечноста, секоја уста би замолкнала во своето фалење. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 66)

За секоја осуда е горделивоста која го наведува вообразениот да наоѓа уживање во суетата на своите лични дела, да се фали со некои свои исклучителни способности со желба да ги понижи другите за да се издигне себеси, барајќи за себе повеќе почести и слава, отколку што едно студено човечко срце е подготвено да му ја даде на Бога. Христовите следбеници секогаш треба да се раководат според упатствата на својот Учител. Тој бара од нас да се љубиме еден со друг така како што Тој нè љуби нас. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 223. оригинал)

Љубовта се радува на вистината и не прави никакви зависливи споредби. Секој што е исполнет со љубов, својот несовршен карактер го споредува единствено со Христовиот совршен морален лик… Нема религија во самоизвишувањето. Оној, чијашто животна цел е да се прослави себеси, набргу ќе утврди дека му недостигаат токму оние особини кои единствено можат да придонесат да стане успешен во Христовата служба. Секогаш кога се попушта пред гордоста и самозадоволствата, делото трпи… И најмалечката должност, извршена искрено и несебично, многу му е помила на Бога од најголемата работа што е обележана со себичност. (Христови параболи, стр. 402. оригинал)

Секој човек кој самиот себе се издигнува и фали, го намалува со тоа сјајот на своите најдобри напори. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 607. оригинал)

Секое фалење со сопствените заслуги е несоодветно. (Христови параболи, стр. 401. оригинал)

24 октомври - Учениците се израдувале кога Го виделе воскреснатиот Господ
23 октомври - Двете Марии се израдувале на веста за воскресението
22 октомври - Седумдесеттемина ученици се израдувале на Неговата сила
21 октомври - Закхеј радосно Го примил
20 октомври - Радоста на Јован исполнета додека го подготвува патот за Спасителот
19 октомври - Захарија и Елисавета се израдувале на раѓањето на својот син
18 октомври - Мноштвото се израдувало на Христовото царско влегување
17 октомври - Мудреците се израдувале на Господовото водство
16 октомври - Дариј многу се израдувал затоа што Даниеловиот Бог е моќен
15 октомври - Евреите се радувале на избавувањето од смртта

Pin It on Pinterest